X
 20.08.2019 Живот

Стадион во европско село што треба да го видите барем еднаш во животот

Стадионот „Хенингсва“ во истоименото норвешко село, каде што живеат околу 500 жители, го опкружува магична природа, а многумина го сметаат за најубав во светот.

Норвешките Лофотенски Острови дури во 2007 година станале поврзани со остатокот од земјата преку мостови, а претходно до островите можело да се стигне само со траект. Но, без оглед на оддалеченоста, местото честопати е на листата со дестинации во светот што дефинитивно треба да ги посетите.


Иако лежи северно од поларниот регион, поради северноатлантската струја, климата е умерено блага - просечната температура во јануари е околу нула степени, а во јули околу 12 степени. Морето околу островите е едно од најзначајните норвешки подрачја за риболов, па не изненадува што жителите претежно ловат и преработуваат риби.





Но, на љубителите на фудбалот овие острови им се интересни поради фасцинантниот стадион. Вембли, Камп Ноу и Маракана се легендарни, но стадионот на овие острови навистина мами со својата извонредна убавина.


Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот