Доколку досега не сте слушнале за Фреја, треба да знаете дека таа е моментално најпознатиот морж во светот. Таа е лесно препознатлива поради розовиот знак на нејзиниот нос, а веќе некое време е на патување низ Европа. Била забележана во Германија, Данска, Шкотска и Холандија.
Во Холандија била видена како спие на покривот на холандска подморница. Сега е во Норвешка, а жителите и туристите таму се жалат бидејќи остава хаос зад себе. Имено, локалните медиуми пренесуваат дека моржот потонал повеќе мали бротчиња оставени на брегот на Норвешка. Очекувано, сопствениците на бродовите се изнервирани.
- Не сакам да ја видам на пристаништето или на мојот брод - изјавил за медиумите еден вознемирен сопственик.
За среќа, локалните власти и научниците имаат план. Фреја ќе добие пловечка платформа со која ќе може да се движи покрај брегот.
Фреја е позната бидејќи моржовите се ретки во овие региони, а најчесто може да се видат во Арктичкиот Круг. Не се знае како стигнала дотука.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Twitter