X
 02.02.2016 Култура

Зошто Норвежаните се успешни луѓе?

Норвешка е една од најуспешните и најсреќни нации во светот. Дел од причините поради кои тоа е така можеби е богатството на земјата, но голема улога игра и менталитетот на луѓето.


Научник од Стенфорд заминала на северот на Норвешка за да дознае зошто луѓето таму се среќни. Таа ги проучувала нивните реакции на зимата. Обично, за време на зимата луѓето не сакаат да станат од кревет, немаат доволно енергија и го чекаат летото.

Како што пишува „Inc.com“, Кери Лејбовиц од „Стенфорд“ се обидувала да открие како жителите на Тромсо, Норвешка се прилагодуваат на зимата. Ова гратче се наоѓа на остров кадешто сонцето не излегува два месеци годишно. Сепак, таму живеат 70.000 луѓе.

Лејбовиц открила дека жителите таму не се несреќни, иако не гледаат сонце толку долго. Напротив, се чини дека Норвежаните напредуваат во својот „мрак“. Лејбовиц заклучува дека „тоа е поради нивниот начин на размислување“.


Норвежаните не ја сметаат зимата за депресивна, туку ѝ се радуваат, заедно со сите активности кои може да ги прават за време на зимата, како скијањето.

„Резултатите од нашето истражување во Норвешка откриваат дека позитивниот зимски начин на размислување е поврзан со поголемо задоволство во животот, подготвеност за посветување на предизвиците кои носат до личен напредок и позитивни емоции“, изјавила Лејбовиц.

Што, тогаш, имаат Норвежаните со што се разликуваат од целиот свет? Дискусијата за начинот на размислување најчесто се фокусира на одреденото ниво ментална дисциплина и сила.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура