Во необичен експеримент научниците набљудуваа како бактерија се приспособува на нов домаќин, еволуирајќи да стане позаразна.
Додека ги следеле промените, научниците од Универзитетот во Виена виделе дека кај бактериите се појавуваат различни еволутивни стратегии, кога тие биле подложени на различни состојби. Истражувањето, објавено во списанието ПНАС, е фасцинантна студија на случај што им помага на научниците да сфатат како бактериите стануваат опасни.
Половина од
бактериите биле подложени на услови кога морале постојано да инфицираат нови клетки-домаќини за да преживеат, а на другите им било дозволено да се размножуваат на неодредено време во истиот домаќин. По 500 генерации, првата група се развила и станала поефикасна за инфицирање на нови домаќини.
Фото: Freepik
- Нашите резултати откриваат дека ако бактериите можат да останат во рамките на една клетка-домаќин и продолжат да живеат во клетките-ќерки на домаќинот, кога клетката се разделува од домаќинот нивната зараза не се менува. Сепак, бактериите стануваат позаразни кога треба да се преселат од една клетка-домаќин во друга клетка-домаќин за да преживеат - вели микробиолошкиот еколог Пол Херера.
На крајот, генскиот код на групите се разликувал на 1.161 различно место, а поинфективната група изразила 2.500 различни гени, што ја направило подобра во заразувањето на клетките и подобра за преживување меѓу домаќините.
- Овие модификации резултираат во тоа што клетките-домаќини стануваат поподложни на зараза и им даваат шанса на бактериите да преживеат надвор од клетката-домаќин - вели микробиологот Матијас Хорн од Виена.
Извор:
Futurism.com