79 години после авионската несреќа на Амелија Ерхарт се покренува прашањето - дали таа ја преживеала авионската несреќа?
Оваа теорија е и тоа како можна, со оглед на тоа што новите докази покажуваат дека таа воспоставила контакт неколку дена после исчезнувањето на нејзиниот авион.
Организацијата „TIGHAR“ (The International Group for Historic Aircraft Recovery) смета дека Ерхарт безбедно слетала со авионот пред да исчезне во 1937 година, а починала во бродолом.
За време на презентацијата во Америка минатиот месец,Рик Гилеспи од организацијата „TIGHAR“ ја поддржа оваа теорија. Авионот на Ерхарт за последен пат бил виден на радарот на 2 јули 1937 година.
Откако таа станала првата жена пилот која сама го прелетала Атлантскиот Океан, Ерхарт тргнала во поход на мисијата да прелета 47.000 километри околу светот. Но, на 2 јули 1937 година, четири месеци после почетокот на нејзиното патување, таа се соочи со проблеми. Летајќи на 375 метри и барајќи го Островот Хауланд, југозападно од Хонолулу, авионот снемал гориво.
Се верува дека не била толку блиску до островот како што таа мислела, па таа слетала на друг остров. Се смета дека овој остров бил Никумароро, исто така познат како островот Гарднер, опкружен со гребени, на околу 640 километри југоисточно од островот Хауланд.
Гилеспи вели дека од моментот кога авионот исчезнал од радарот на 2 јули па се' до 6 јули, имало повеќе од 100 радио преноси од Ерхарт која барала помош. Една жена од Мелбурн дури и успеала да ја открие нејзината фреквенција.
„Луѓето започнаа да слушаат радиоповици од авионот и тие беа преплашени“, вели Гилеспи.
Околу шест часа пред да исчезне, секој слаб и неразбирлив глас беше откриен од веродостојните радио оператори. Тие го препознале нејзиниот глас. Исто така, една домаќинка во Тексас, додека слушала радио, го слушнала и гласот на Ерхарт која барала помош. Таа слушнала дека половина авион слетал во вода, а половина на земја.
Гилеспи вели дека Ерхарт им кажала на радио операторите дека е повредена, меѓутоа не толку лошо колку нејзиниот навигатор Фред Нунан.
Тој верува дека Ерхарт слетала безбедно со малку останато гориво во резервоарот, со оглед на тоа што нејзиното радио не можело да функционира доколку не работел моторот. Исто така, нејзиниот локален предавател не би можел да работи доколку таа слетала во вода.
Она што е фасцинантно во врска со теоријата на Гилеспи била 16 годишната девојка до Санкт Петербург која се наоѓала во Флорида во времето кога
Ерхарт исчезнала. Оваа девојка слушала радио, кога Ерхарт ја прекинала фреквенцијата. Девојката зела тетратка и започнала да го запишува повикот за помош на Ерхарт.
Гилеспи ја има тетратката и вели дека сето тоа изгледа како модерен 911 повик.
„Доста е збунувачки, некои работи се чини дека немаат никаква смисла. На неколку места пишува Њујорк, Њујорк“, вели тој.
Гилеспи вели дека имало бродолом на местото кадешто веруваат дека Амелија слетала, и се наоѓал бродот „SS Norwich City“ кој бил напуштен на островот во 1929 година.
Но, зошто никој не го има се'уште пронајдено? Гилеспи вели дека организацијата постојано патува до дестинацијата меѓутоа се'уште не ја пронашла правилната опрема за да ги пронајде остатоците од авионот на Ерхарт. Се верува дека плимата ги повлекла во морето.
Наредниот јули ќе се одбележат 80 години од исчезнувањето на Ерхарт, а „TIGHAR“ планира да спроведе уште една експедиција на островот Гарднер, меѓутоа овој пат да искористи подморници - според Гилеспи ова би било најдоброто средство за пронаоѓање на било какви остатоци под вода.