Наскоро почнува тестирањето на луѓе на природниот фластер за срце, составен од милион матични клетки кои можат да ги поправат оштетувањата на срцето што настанале по срцев удар, пишува Би-би-си.
Живиот фластер е фасцинантен изум. Се одгледува во лабораторија од клетки од пациентот за да не дојде до одбивање на ткивото, се зашива на оштетениот дел од срцето, а потоа се претвора во здрав мускул. Исто така, ослободува хемикалии кои ги обновуваат постојните клетки на срцето.
На пазарот за 10-ина години?
Засега тестовите извршени на куни се покажале успешни, а испитувањето на луѓето би требало да почне во следните две години, тврдат кардиолозите од „Империјал колеџ“ во Лондон.
Срцев удар настанува кога затната артерија го блокира дотекот на крв во срцевиот мускул, па во него веќе не пристигнуваат кислород и хранливи состојки. Тоа може трајно да го оштети срцето и да доведе до неизлечливо затнување.
- Се надеваме дека наскоро ќе можеме на пациентите што имале срцев удар да им понудиме вакви рутински третмани. Би можеле, на пример, на тие пациенти, покрај лекови, да им препишеме и еден
фластер – вели доктор Ричард Џабур.