X
 20.09.2021 Живот

Јапонската влада донира нови инструменти и опрема за НОБ

Националната опера и балет (НОБ) доби донација од јапонската влада во вредност од 663 илјади евра опрема од седумдесет пултови, 60 стола за музичарите, инструменти, аудиоопрема и опрема за осветлување. Проектот е дел од јапонската програма за развој на културата од 79.800 јапонски јени, помош најавена во декември 2019 г., а денес претставен од директорот на НОБ, Васо Ристов.

На настанот беа присутни и министерката за култура Ирена Стефоска, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, јапонскиот амбасадор Савада Хинорори и Такеичи Џиро од Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА).

Координацијата и испораката на оваа донација „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за осветлување и озвучување за Национална опера и балет“ како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Амбасадата на Јапонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) и Министерството за култура.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот