Романтичниот балет „Жизел“ од Адолф Адам, по пауза од 22 години, повторно ќе се игра на сцената на Македонската опера и балет. Премиерата е закажана за утре во 20 часот. Оваа балетска претстава непрекинато се поставува на репертоарите низ светот од 1841 година, па до денес.
„Жизел“ првпат била изведена во Скопје на 7 ноември 1956 г., а последен пат во 1999 година, според кореографијата на Леонид Лавровски. Овој пат адаптацијата е на хрватската поранешна примабалерина Ирена Пасариќ.
Главната улога е на првенките Марија Кичевска-Шокаровска и Мими Поп Алексова-Атанасова, а во улогата на Алфред ќе бидат првенците Василиј Чичијашвили и Бобан Ковачевски. В сабота ќе играат Кичевска-Шокаровска и Чичијашвили.
фото: ФБ-страница на Опера и балет