Владата на Косово одлучи да ја укине студентската партиципација на јавните универзитети. Од 1 октомври студентите во Косово ќе може бесплатно да студираат на државните високообразовни установи.
Премиерот на Косово, Албин Курти, ја објави оваа одлука во петокот, посочувајќи дека образованието е универзално човеково право и треба да им биде достапно на сите.
Одлуката се однесува на додипломски и магистерски студии. Претходно партиципацијата чинела 25 евра за семестар за додипломските студии и 150 евра за семестар за магистерски студии. Првата година од студиите на додипломските студии претходно беше бесплатна.
Курти најавил дека ќе има поволности и за докторандите. Во моментов докторските студии чинат 500 евра за семестар. Курти додал дека оваа одлука треба да го зголеми интересот за образование и ќе придонесе за општествена еднаквост.
Извор:
Exit
Фото: Приштина/Pixabay