X
 05.10.2015 Образование

100.000 долари за факултетска школарина до 2030


Годината кога биле родени денешните бруцоши на американските универзитети, просечната школарина за државните универзитети изнесувала 3.111 долари. За приватен универзитет, просечната сума изнесувала 13.785 долари.

Оттогаш, цената на студирањето во САД се зголемува побргу од инфлацијата. Школарината на државните универзитети се зголемила тројно, а на приватните двојно оттогаш. Овие износи само ќе се зголемуваат понатаму, пишува „Вокс“.

Моментално, просечната годишна школарина за студирање на приватен факултет изнесува 60.000 долари. Доколку овие цени продолжат да растат со иста брзина, школарината ќе чини 100.000 годишно во 2030 година.

За да го дозволат ова, родителите на 3-годишните деца денес треба да започнат со зачувување 1.300 долари месечно уште денес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование