X
 22.07.2021 Живот

Еве зошто најдобрите пријателства започнуваат на факултет

Постојат многу причини зашто најдобрите пријателства започнуваат за време на студирањето. Може да се издвојат неколку најважни.

Сте си помагале кога било потребно

Студирањето е прекрасно искуство, но и стресно. Сите испити и активности се животни искуства, особено во првите години од студиите. Пријателите од факултет поминувале низ истото како и вас и ви биле најголема поддршка. Кога ќе кажат дека ве разбираат и ја разбираат ситуацијата во која поминувате, знаете дека не лажат.

Пријателите се семејство кое сами го одбираме

Без оглед на тоа дали сте интровертни или екстровертни, пријателите и семејството ви се потребни. Многу студенти се селат во друг град поради студиите, па затоа родителите бргу ги заменуваат со цимерите. Во цимерите се наоѓа таа поддршка што недостига кога се селите од дома.


Фото: Pixabay

Сте создавале спомени

Сите тие непланирани излегувања кои завршиле како незаборавни ноќи, подготвувањето за патување за 15 минути или извлекувањето од неволја се помнат до крајот на животот.

Ве виделе во најлошо издание

Без разлика дали сте поминувале низ тежок период, колегите од факултет, особено цимерите, биле со вас кога сте поминувале низ најлошото.

Ве виделе во најдобро издание

За време на студентскиот живот, пријателите ве гледаат и во најдобрите моменти. Тука се за вас секогаш кога ќе положите тежок испит и за секое убаво искуство.

Знаат премногу за вас

Со колегите од факултет споделувате тајни кои не се за сечии уши. Затоа, со нив останувате пријатели засекогаш - бидејќи знаат премногу за вас.

Во иста фаза сте од животот

Заедничкиот живот во станот или домот има свои добри страни. Добивате пријатели кои ви се блиски со години бидејќи сте поминувале низ иста фаза од животот, а така се градат најсилните врски.


Фото: Pixabay

Делите животни искуства и знаења

Со колегите од факултет сте учеле како да користите машина за перење, што се топли во микробранова печка, а што не, но и како да подготвите оброк со малку намирници. Со колегите се учат и практични вештини, освен академски.

Ментална подготовка за возрасниот живот

Полнолетни сте, работите и студирате и веќе сте возрасни. Така почнува да ве гледа општеството, но сите и понатаму остануваме деца. Темите како бракот, децата или личните финансии се нешто за што паничите заедно со пријателите од факултет.

Го гледате светот преку нивни очи

Преку дружењето, гледате и како вашите колеги гледаат на светот, без разлика дали станува збор за животни искуства или знаење од областа во која студирате.

Извор: Dnevnik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот