X
 20.09.2024 Живот

Се продава добро сочуван нуклеарен бункер изграден за време на Студената војна

Интересен оглас се појави во британските медиуми во кој на продажба се нуди нуклеарен бункер.

Бункерот е нов, неискористен и совршено сочуван, пишува во огласот. Ова е еден од 1.500 слични бункери изградени во 1950 година и дизајнирани да можат да „преживеат“ нуклеарен напад од Русија.

2
Фото: Twitter

Во огласот се наведува дека овој бункер е изграден за време на Студената војна и дека планот бил таму да бидат сместени набљудувачи кои ќе известуваат за последиците од рускиот нуклеарен напад. Бункерот се состои од две соби, има тоалет и мебел. Може да смести само тројца и тоа е неговата единствена мана.

- Бункерот има капацитет во него да се чуваат храна и вода за период од две недели. Иако може да се слезе само со скала, тој е доста удобен. Станува збор за нов бункер што претходно воопшто не бил користен. Во пакет оди и телефон и упатства за опрема што се користи во случај на напад, а има и рачна сирена - пишува во огласот.

2
Фото: Twitter

Огласот ѝ го привлече вниманието на локалната заедница, но и на туристите низ светот кои се љубители на работи поврзани со историјата и Студената војна. Цената на бункерот е околу 17.000 евра.

Извор: Klix.ba
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот