X
 28.10.2020 Живот

„Орео“ изгради бункер отпорен на астероид и го наполни со колачиња и млеко во прав

Колачињата „Орео“ ќе ја преживеат апокалипсата.

Заканата од астероид за Земјата и предизвикувањето глобална катастрофа инспирира неколку групи да создадат бункери што не само што ќе ги заштитат луѓето туку и ќе овозможат опстанок на одредени растенија и животните. Сега производителите на „Орео“ се осигурија и популарните колачиња да ги преживеат сите можни удари од астероид.

На видеото објавено на јутјуб-страницата на „Орео“ од компанијата велат дека биле инспирирани од Глобалниот трезор на семето во Свалбард, Норвешка. Според веб-страницата на трезорот, станува збор за објект за складирање разни семиња, изграден да издржи и природни и вештачки несреќи. Објектот се наоѓа над пермафростот, во Арктичкиот круг.



Трезорот е создаден поради астероидот 2018/ВП1, кој има мала шанса да ја погоди Земјата на 2 ноември. Иако е мала веројатноста астероидот да преживее кога ќе влезе во атмосферата, „Орео“ не сака да остави ништо на случајноста.

На својот твитер-профил компанијата објаснува како ги штити колачињата. Според една објава, секое колаче е завиткано во заштитна хартија и може да издржи температура од -62 до -184 Целзиусови степени.

„Орео“ објаснува дека трезорот содржи и шишенца млеко во прав и ги обезбеди координатите на трезорот: 78°08'58.1"N, 16°01'59.7"E, кој е во близина на Глобалниот трезор на семето во Свалбард. Според производителот на колачињата, на вратата има кодирана брава за да се зачува содржината.

Извор: Foxnews.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот