Во фејсбук-групата за пребарување на работа и нудење работа во Далмација беше објавен интересен оглас.
Имено, работодавачот објавил дека бара лице за правење и продавање палачинки, а платата е 10.000 куни, односно 1.330 евра.
Многумина веднаш ги погоди овој оглас поради сумата која е прилично висока за овој вид на работа.
Фото: Facebook
- Барам вработен за работа во сезона (правење и продажба на палачинки) на плажата Строжанац, Подстрана. Супер услови, плата од 10.000 куни - пишува во огласот.
Извор:
24sata.hr
Насловна фотографија: Freepik