X
 23.03.2020 Здравје

За коронавирус ќе се тестира во 14 центри со закажување преку матичен. Обезбедени лекови и одобренa терапија за лекување

Во земјава се отворени 14 центри за тестирање на пациенти за коронавирус, а во Скопје тоа се поликлиниките „Јане Сандански“ и „Ченто“, објави министерот за здравство Венко Филипче. На тестирање може да се јави кој било граѓанин откако претходно ќе искомуницира со матичниот лекар. Матичниот, откако ќе направи разговор и преглед, доколку одлучи дека треба тестирање, ќе ја процени неговата итност и ќе го закаже. Матичниот лекар врз основа на состојбата и резултатите од тестот, заедно со колеги инфектолози со кои може да комуницира, ќе одреди што да се преземе и каде евентуално да се упати пациентот.
Закажувањето ќе оди преку системот „Мој термин“.

Филипче информира дека Комисијата за заразни болести и Централниот кризен штаб разговарале за зајакнување на мерките за граѓаните постари од 65 години и помлади од 18 години, за што ќе разговара и Владата.

- Обезбедивме терапија која според повеќе студии се покажува како соодветна за заболени, а ја применуваат повеќе земји. Стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово ја прифати терапијата за лекување и нејзина употреба, а се очекува и дозвола од Агенцијата за лекови и медицински средства -МАЛМЕД, по што таа ќе може да се аплицира - рече Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје