Со настапот на скандинавската џез-ѕвезда, саксофонистот Матс Густафсон, вечерва во 20 часот во Националната опера и балет почнува јубилејното 40. издание на Скопскиот џез-фестивал. По Густавсон ќе настапи и басистката Линда Меј Хан О од САД.
Матс Густафсон е шведски саксофонист, импровизатор, композитор и херој на скандинавската фри џез-сцена. Неговите богати свиречки техники се вкоренети еднакво во фри џез-традициите и во европската микротонална школа. Линда Меј Хан О е реномирана басистка и композиторка од Њујорк која има настапувано и снимано со џез-музичари како Пет Метини, Кени Барон, Џо Ловано, Дејв Даглас, Тери Лин Керингтон, Стив Вилсон, Џери Ален, Виџеј Ајер и други.
На фестивалот, кој ќе трае до 24 октомври, ќе настапат 11 изведувачи од Македонија, Европа, Куба и од САД.
фото: Фејсбук-страница на Скопски џез-фестивал