X
 20.11.2020 Живот

Училиште во САД со соларни панели штеди пари за струја за да им ја зголеми платата на наставниците

Јавните окружни училишта низ Америка се соочуваат со огромен дефицит во буџетот. Како што се намалува буџетот, така се намалуваат и часовите по одредени предмети, платите на наставниците стагнираат и станува сè потешко да се привлече и задржи талентираниот персонал. Овие големи дефицити може да изгледаат навистина страшно, но економскиот успех на еден училишен округ во Арканзас нуди пример за многу други.

Училиштето Бејтсвил во 2017 година се префрлило на соларна енергија и како резултат на тоа  успеало да намали својот буџетски дефицит. Освен што ги врати загубите, училишниот округ успеал да акумулира 1,8 милион долари вишок од заштедата на енергија - а вишокот оди кон покачување на платите на наставниците.

Во 2017 година компанијата „Ентегрити“ спровела ревизија на енергетската ефикасност на областа. Резултатите покажале дека малиот конзорциум од шест училишта трошел 600.000 долари годишно за електрична енергија. Началникот на Бејтсвил, Мајкл Хестер, соочен со дефицит на персоналот и огромен трошок за струја, знаеше дека единствено зголемувањето на платите на наставниците може да привлече и задржи квалитетен кадар. Квалитетниот кадар ќе помогне во зголемувањето на перформансите на учениците и ќе му овозможи на округот да се искачи на повисоко ниво на државното рангирање за постигнувања.

Уверена во заштедата на милиони од енергијата, областа издаде обврзница за финансирање на префрлање кон чиста енергија. Така, средното училиште во Бејтсвил инсталирало 1.400 соларни панели. За само три години округот забележал големи заштеди, што овозможиле зголемување на платите на наставниците. Како резултат на тоа, округот се искачил на повисоко место на ранг-листата и потрошувачката на енергија станала и значително еколошка. Другите околни окрузи ги виделе овие охрабрувачки резултати и оттогаш почнале да го следат примерот, инсталирајќи свои соларни програми.

Училишниот округ Бејтсвил се приклучи на сѐ поголем број училишта кои се одлучуваат за соларна енергија за да ги намалат трошоците, да ги намалат глобалните емисии и да го надополнат недостигот во буџетот. Заклучно со 2019 година, 5,3 милиони ученици посетуваат училишта напојувани, барем делумно, од сончева енергија. Овој број расте како што државните и локалните власти се вклучуваат во управувањето со обновливите извори на енергија. Овие политики ги охрабруваат компаниите да ги преземат почетните трошоци за инсталирање соларни панели и инфраструктура на училиштата.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik8
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот