X
 08.09.2023 Живот

Работа од соништата - милионер бара асистент да патува со него и нуди плата од 35.000 евра

Австралискиот милионер Метју Лепре бара асистент кој ќе патува со него низ светот и нуди плата од 35.000 евра и користење на неговите луксузни автомобили.

Тој ја изградил својата деловна империја преку интернет-бизнис и организирање курсеви во рамките на неговата компанија „Еком вариор академи“.

Како што вели, на конкурсот можат да се пријават и лица без искуство. Потребно е само да имаат валиден пасош, да сакаат да патуваат и да се уредни во работата. Апликацијата можете да ја пополните на неговата веб-страница.

- Пораснав во предградие на Сиднеј јадејќи оброци од Армијата на спасот бидејќи мојата самохрана мајка не можеше да си дозволи да купи намирници, така што можам да се поистоветам со тешките времиња со кои се соочуваат луѓето - вели тој.

Нешто слично на ова направи и пред четири години кога објави оглас за личен асистент, на кој се пријавиле околу 70.000 луѓе. Работата ја добила поранешна студентка по моден дизајн.

Истата година ангажирал и фотограф за да го подобри својот инстаграм-профил. Фотографот зема плата од 32.000 евра.

Апликацијата за работа можете да ја пополните ТУКА.

Извор: Studomat.ba
Фото: Instagram / Matther Lepre
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот