X
 15.07.2016 Образование

Германско училиште без оценки, табли и наставен план

Евангелискиот Училишен центар во Берлин е приватно „слободно“ училиште во кое учениците уживаат во огромната образовна слобода. Ова училиште се истакна посебно поради настапот на студентите кои дипломираат.


Во ЕУЦБ не постојат наставни планови и учениците не се оценувани се до нивната 15та година. Учениците сами избираат предмет на учење, одлучувајќи како ќе го совладаат материјалот. Дел од предметите на учење се „Одговорност“ и „Предизик“ и ученици на воздраст од 12 до 14 години се пратени неколку недели сами во некој дел од светот, со малу пари, да имаат „авантури“.

Постојат повеќе добри педагошки причини кои го оправдуваат овој вид на учење - прво, самостојното учење ги тренира генерациите во ефективни работници кои се подготвени да соработуваат, и да работаат во креативни работилници каде секогаш се е различно, и нормата е промена. 30% од ЕЦУБ учениците се деца на мигранти и 7% доаѓаат од семејства каде не се зборува германскиот јазик.

Училиштето има листа на чекање од 500 ученици, а доста Германци предложиле ваквите училишта да се рашират низ целата земја.

„Јас сум дел од слична образовна програма, која ја започнав во 4то одделение во јавно алтернативно училиште во Торонто. Тие воспитуваат деца од градинка до 8мо одделение во една група. Во крајните години очекуваат од учениците сами да го напуштаат училиштето и да патуваат низ градот со јавен превоз за да ги научиме работите на наш начин. Потоа продолжив во слично средно училиште каде потрошив 7 години, и со тоа задоцнив на факултет. Но сметам дека научив повеќе во моето средно училиште отколку што ќе научев на факултет.“

„Во образованието, можете да направите промени само од најниската гранка - доколку наредбите доаѓаат од горе, училиштето и Министерството ќе го одбијат. Нас ни требаат мали промени кои ќе покажат дека работите можат да бидат поинакви.“


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование