За туристите, Верона е најпозната по „Куќата на Јулија“, изградена во 13 век. Куќата била инспирирана од љубовната приказна за Ромео и Јулија на Вилијам Шекспир, но всушност, авторот никогаш не го посетил градот во кој е сместено дејството на познатата книга „Ромео и Јулија“.
Градот Верона ја купил вилата од семејството Капело (слично на презимето Капулети од приказната на Шекспир) и ја нарекол „Куќа на Јулија“ во 1905 година. Балконот бил изграден подоцна, во 20 век.
Фото: Pixabay
Сепак, многу туристи што доаѓаат во Верона оставаат белешки и писма напишани за Јулија. Во близина на статуата од Јулија има мало црвено поштенско сандаче во кое се оставаат писмата за Јулија.
Според легендата, доколку ја допрете десната дојка на Јулија, ќе имате среќа во љубовта. Но
вистинската магија се случува на пет минути пешачење. „Клубот на Јулија“ постои од 1972 година и во него се вклучени мал број волонтери кои вредно одговараат на писмата што туристите ги оставаат за Јулија.
Според статистиките, приближно 50.000 писма годишно се оставаат во црвеното сандачe или во дупките од ѕидовите на вилата или се испраќаат по електронски пат. Ова се писма од луѓе што бараат совет во љубовта.
Волонтерите кои одговараат на овие писма се нарекуваат „Секретарки на Јулија“. Тие работат во една просторија полна со кутии со писма, од кои повеќето се напишани рачно и се испратени по пошта. Секретарките на Јулија враќаат на овие писма и се потпишуваат како што се нарекуваат. Секој може да волонтира во клубот и да им одговара на оние што ги напишале писмата.
Традицијата на одговарање на писмата започнала во 30-тите години кога еден чувар на гробот на Јулија почнал да ги собира писмата оставени од туристите и почнал да им одговара.
Официјалната веб-страница на клубот може да ја најдете
овде.
Автор: Џени Хјуз
Извор:
messynessychic.com
Насловна фотографија: Pixabay