X
 20.12.2018 Живот

Совети од среќните луѓе

Дали сте среќни? Станува збор за навистина едноставно прашање, но одговорите се многу различни од личност до личност. Научниците веќе долго време се обидуваат да измерат нечија среќа, но тоа не е ни малку лесна задача.

На некој среќата му носи љубов, на друг верба, а на трет нешто сосема друго. Дефиницијата за среќа се разликува од личност до личност, од култура до култура, но и покрај тоа, секој од нас знае што значи да се биде среќен во универзална смисла. Во денешно време таа состојба е тешко да се достигне, меѓутоа, постојат неколку совети што ќе го олеснат патот до среќата.

Решавајте ги проблемите


Можеби се чини како доста очигледен и логичен совет, но во голем број случаи нашето незадоволство се поврзува со некој нерешен проблем. Препознавањето на проблемот води до јасна ситуација и еднаш откако ќе се соочите со него, ќе се каете што тоа не сте го направиле порано.

Поедноставете си го животот


Луѓето се пренатрупуваат со задачи и обврски и се обидуваат да работат што повеќе работи наеднаш и притоа забораваат дека најдобрите денови се оние во кои ги правиме наједноставните работи со што помалку стрес.

Фокусирајте се на она што ви е важно и обидете се да елиминирате што повеќе фактори кои ви предизвикуваат стрес.

Уште еден начин на кој можете животот да го направите поедноставен е да го намалите темпото и да почнете да ги цените работите и случувањата околу вас.

Во здраво тело - здрав дух


Сигурно сте прочитале голем број статии за тоа дека вежбањето е здраво, не само за телото, туку и за нашата ментална состојба. И тоа е вистина.

Со вежбањето го намалуваме нивото на кортизол, хормонот кој се поврзува со стресот, и ја зголемуваме количината на ендорфин, хормонот кој се поврзува со доброто расположение. Идеално би било да вежбате во природа, на отворено.

Со вежбањето добро се вклопува и медитацијата, која исто така го поправа нашето расположение и го намалува нивото на стресот. Луѓето што медитираат воедно имаат и посилен имунитет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот