Сопствениците на кучиња се поотпорни на кардиоваскуларни заболувања, а поседувањето таков миленик е добро за здравјето и за расположението, открива неодамнешно истражување спроведено во Шведска.
Фото: Pixabay
Во истражувањето учествувале речиси четири милиони лица на возраст меѓу 40 и 80 години. Претходните истражувања потврдија дека сопствениците на кучиња не страдаат од депресија и оти нивните пријатели на четири нозе им помагаат доколку одлучат да се изолираат од светот.
Сопствениците на кучиња подобро реагираат на стрес, имаат поголема физичка активност и значително помало ниво на холестерол во организмот.
Сепак, важно е и која раса на куче ќе се одбере, а најмногу се препорачува златен ретривер.
Извор: МИА