X
 16.05.2019 Технологија

Сан Франциско ја забрани технологијата на препознавање лица

Законодавците на градот ќе им забранат на јавните агенции да користат вештачко-разузнавачки софтвер со кој се открива нечиј идентитет врз основа на видеоклип или фотографија.

Застапниците за приватност и граѓански права се загрижени дека овие системи би можеле да бидат злоупотребени или може да доведат до лажно апсење. Законот нема да ги регулира локалните бизниси, а технологијата сè уште во голема мера е нерегулирана низ САД.

- Забраната за користење на ваквата технологија покажува колкави се опасностите од оваа технологија - вели Џевман Хотсон, студент по право на Универзитетот во Вашингтон.

лице
Фото: iStock


- Повторно ја враќаме нашата способност да им кажеме „не“ на технологиите што ја уништуваат демократијата и нашата способност да живееме слободно - додава тој.

Ниту еден федерален закон не регулира употреба на препознавање лице на национално ниво, а повеќе од 50 државни или локални полициски агенции низ целата земја во одреден момент користеле системи за препознавање лица во обид да ги идентификуваат осомничените за кривични дела или да потврдат нечиј идентитет.

Оукланд, Калифорнија и Сомервил, Масачусетс, воведоа забрани слични на оваа во Сан Франциско.

Противниците на оваа одлука велат дека со овој потег е загрозена безбедноста на луѓето и дека стапката на криминал ќе биде поголема. Оние што ја поддржуваат одлуката, пак, велат дека технологијата е полна со недостатоци, не може да ѝ се верува и ги крши приватноста и слободата на луѓето. Системот е склон на грешки, особено кога станува збор за жени и мажи кои имаат темна боја на кожата.

- Со ваквото гласање Сан Франциско јасно покажа дека технологијата за препознавање лица не може да се спои со демократијата и дека граѓаните заслужуваат да кажат што мислат за ваков вид надзор - изјави Мет Кејгл од Американското здружение за граѓански слободи во Северна Калифорнија.

Тој вели дека му се благодарни на градот што ги слуша своите граѓани.

Сепак, законот во Сан Франциско можеби нема да го намали растењето на ваквата технологија во училиштата, спортските арени и на аеродромите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија