X
 20.12.2021 Живот

Министерката за образование Царовска ја напушта Владата

Министерката за образование Мила Царовска соопшти дека нема да биде дел од новата Влада на идниот премиер Димитар Ковачевски, откако минатата недела тоа го соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Царовска денеска изјави дека нема да продолжи на функцијата во идната влада која треба да се формира во текот на јануари.

- Донесов одлука да не учествувам во новата Влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности и истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите - изјави Царовска.

Таа беше министер за образование од август 2020 година, во втората Влада на премиерот Зоран Заев. Претходно го предводеше Министерството за труд и социјала.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот