X
 03.09.2020 Образование

Царовска: 100 години Филозофски факултет - плејада млади умови, студенти, истражувачи, професори го градат нашето општество

Филозофскиот факултет од Скопје го одбележува големиот јубилеј - 100 години од основањето со меѓународната конференција „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“, која синоќа беше отворена во Струга. На присутните преку онлајн-врска им се обрати и министерката за образование и наука Мила Царовска, која истакна дека одбележувањето на овој исклучително значаен јубилеј за високото образование и наука во нашата држава говори за долгогодишната традиција и огромниот научен потенцијал во доменот на хуманистичките и општествените науки што го има нашата држава.

Министерката побара од научните работници од високото образование да придонесат во создавањето на идните насоки и мерки и учество во подобрувањето на инклузивниот пристап до високото образование, така што никој нема да биде изоставен.

- Плејадата млади умови, студенти, истражувачи, професори кои низ годините се создадени како кадар кој произлегол од Филозофскиот факултет го граделе и ден-денес го градат нашето општество низ неговите клучни гранки: културата, науката, образовниот, социјалниот и безбедносниот систем. Исходите од влијанијата на кадрите и научниот придонес што произлегуваат од Филозофскиот факултет се доказ дека без високото образование не може да функционира ниту една друга инстанција во општеството. Развојот, и тоа особено инклузивниот и одржливиот развој на општеството, е несомнено поврзан со она за што Филозофскиот факултет се залага преку своите стратешки научно-наставни програми - истакна Царовска.

Филозофскиот факултет е најстариот факултет во Македонија, основан во 1920 година

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование