X
 20.12.2022 Живот

Камерон спровел научен експеримент за да ја докаже смртта на Џек во „Титаник“: „Немаше да преживее и ако се качеше на вратата“

Секој обожавател на „Титаник“ сигурно многу пати дебатирал за тоа дали Џек морал да умре или не. Многу гледачи тврдат дека имало доволно место и за Џек и за Роуз на пловечката врата која стана импровизиран сплав, но Камерон е тука да им докаже на сите дека грешат.

Во едно интервју за промоцијата за „Аватар“, Камерон откри дека спровел научен експеримент кој докажува дека две лица не можеле да преживеат на пловечката врата.

- Направивме научен експеримент за да ѝ ставиме крај на оваа работа. Направивме темелна форензичка анализа со експерт за хипотермија кој го репродуцира сплавот од филмот. Зедовме двајца каскадери со иста телесна маса на Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо. Им ставивме сензори и ги ставивме во студена вода за да видиме дали може да преживеат преку различни методи. Резултатите покажаа дека немаше шанси да преживеат двајцата - вели Камерон.

- Џек требаше да умре. Тоа е како Ромео и Јулија. Филм за љубовта, пожртвуваноста и смртта. Љубовта се мери со пожртвуваноста. Можеби по 25 години нема да морам повеќе да го објаснувам ова - рече тој.

Во 2019 година Камерон се најде на насловните страници во медиумите бидејќи бескрајната дебата за судбината на Џек ја нарече глупава.

- Едноставно, не постои простор за дебата. Дали можеме да дебатираме за тоа дека Ромео можел да биде попаметен и да не го испие отровот? Да. Дали можеше да донесе одлука да не го носи ножот за Јулија да не се самоубие со него? - додава тој.

Извор: Yahoo.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот