200 работници од приватна компанија во Нов Зеланд учествуваат во експериментот што би можел да го смени начинот на работење.
Новозеландската компанија го испитува учиникот на работниците што имаат по три слободни дена во неделата. Како што пишува „
Гардијан“, експериментот што ќе трае шест недели според зацртаниот план на истражување би можел да има големо влијание врз иднината на традиционалната работна недела. Вработените во експериментот работат четири дена неделно, а примаат плата за пет работни дена.
Експериментот ќе заврши во средината на април, по што ќе бидат анализирани податоците за постигнатата продуктивност. Тогаш вработените ќе знаат дали новата рутина ќе биде установена како практика од јули годинава.
Во Нов Зеланд вработените во просек работат по 1.752 часа на годишно ниво, што е повеќе во споредба со Германија каде што работниците работат најмалку часови на годишно ниво. Пред нив се Данците, Норвежаните, Холанѓаните, додека најмногу часови работат вработените во Мексико, Кореја и во Костарика.
Сепак, најпродуктивна земја во светот е Луксембург, иако просечниот работник на работа поминува во просек по 29 часа неделно.
Минатата година Институтот за автономија го обнови повикот за воведување четиричасовна работна недела, со тврдење дека така ќе се изедначи нездравото распоредување на трудот и ќе придонесе за поквалитетна работа во пократко време.
Некои луѓе доаѓаат на работа по три дена одмор со неверојатна енергија. Почнале да се занимаваат со физички вежби, да одат на заболекар, ги поправале автомобилите, оделе во набавки за наивните родители – ги правеле сите оние активности за кои претходно сметале дека немаат доволно време.
Меѓутоа, „некои сфатиле дека ако имаат три слободни дена на располагање, тогаш преостанатите четири мора да бидат особено продуктивни, и тоа мора да го решиме“, истакна директорката на компанијата, Кристин Бротертон.
Минатите две години една шведска куќа за нега воспоставила шестчасовен работен ден, при што добила измешани резултати. Бенефитите биле 10 проценти помалку боледувања и зголемено задоволство, но цената била покачена за 20 проценти.
„Амазон“ исто така испроба 30-часовна работна недела за дел од вработените, кои имале исти бенефити, но примале 75 проценти од платата.
„Гугл“ на дел од вработените им овозможува целосна слобода над 20 проценти од работното време, со очекување дека тоа ќе придонесе за нови идеи и иновации. Меѓутоа, најмал интерес за експериментот покажала владата во Нов Зеланд и покрај очигледните бенефити, пишува „Гардијан“.