X
 03.04.2017 Наука

Зошто лажгото се држи до сопствената приказна до крајот?

Еднаш лажго, секогаш лажго. По се изгледа дека во таа реченица постои неверојатна научна вистина – лицето кое лаже, до крајот ќе остане доследно на сопствените лаги.


Фото: Pixabay

Обично се верува дека кога ќе фатите некој како лаже, тоа лице ќе се чувствува посрамотено и некако ќе покаже дека се кае. Истражувачите велат дека морале добро да се потрудат за да им влезат во траг на лажговците и во нивната структура во мозокот, односно да дознаат зошто тие се прилагодуваат на лагите и како гради невистини. За тоа изгледа не е потребна интелигенција, туку чиста биолошка причина заради која малите лаги стануваат се поголеми и поголеми.

Во студија објавена во „Nature Neuroscience“, научниците тестирале 80 луѓе кои се склони на лажење, истовремено скенирајќи го нивниот мозок со најсовремена верзија на магнетна резонанца. На секој учесник му е покажана паричка во стаклена тегла, но учесниците добивале различни насоки кога треба да излажат, а кога на партнерот кој нема поим колку има парички во теглата, да му ја кажат вистината. Во некои случаи, и учесникот и партнерот имале корист од лагата, а во други само учесникот или само партнерот имал корист. Во другата верзија од сценариото, корист имале или учесникот или партнерот, но со еден мал детаљ: доколку учесникот дознае, другата страна би претрпела штета.

Науката е егзактна, па така се добиле неверојатни податоци: кога учесниците во експериментот биле нечесни, активностите во делот на мозокот што е наречен амигдала (место на процесирање на емоциите и возбудувањата), потполно се менувале. Во двете сценарија, колку повеќе учесникот изговарал лаги, амигдалата помалку се активирала. Тоа можеби се случува заради тоа што лажењето е чкрапало за емоционално возбудување и ја активира амигдалата, па со секоја дополнителна лага, возбудувањето и внатрешниот конфликт како невидлива совест би исчезнувале, што би го олеснило процесот на продолжување на измислени приказни.

Експериментот исто така утврдил дека амигдалата станувала помалку активна кога луѓето изговарале лаги кои им биле од корист. Тоа емоционално возбудување кое постои кога луѓето лажат се јавува заради внатрешен судир помеѓу тоа како некој се гледа себеси и своите постапки. Кога лажеме за лична корист, проблемот настанува кога во исто време лагата не се вклопува со начинот на кој сакаме да се видиме себеси, а себеси се гледаме како искрени личности. Потоа многу учиме од тоа возбудување и се обидуваме да го елиминираме. Бидејќи, со помалку емоционално возбудување, можеби и помалку ќе гледаме на своите постапки како лоши. И тука настапува биологијата.

Со други зборови, личната корист би била водата која го гаси пожарот на совеста во главата. Ова откритие било уште поневеројатно кога истражувачите можеле да мапираат, па скоро и да нацртаат како секоја лага доведувала до помала активност на амигдалата. Можеле дури и да предвидат колку некоја личност ќе стане неискрена и колку нејзините лаги ќе ескалираат во наредната ситуација.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука