Кога Платон ги дефинира луѓето како животни на две нозе без пердуви, голем број луѓе мислеа дека не бил сериозен.
Неговиот антагонист, циникот Диоген ја сфаќајќи ја шегата, посочил дека описот звучи прилично како искубена кокошка. Историјата напред и назад го илустрира ова прашање кое ги окупира сите филозофи илјадници години наназад: што го одделува човекот од животните? Дали е то душата? Дали е рационалноста? Дали е алатката за донесување одлуки? Повеќето модерни профили, се решаваат за една клучна централна разлика - јазикот. Иако животните можат да комуницираат едни со други совршено добро, тие тоа го прават без софистицираност којашто ние често пати ја земаме здраво за готово.
Во анимираното видео подолу, дел од BBC и Џилијан Андерсон од отворениот универзитет на историја на идеи, ја објаснува добро познатата теорија на стекнувањето на јазикот предложена од лингвистот Ноам Чомски во 60-те. Чомски расправаше за она што е познато како „универзална граматика“, и еден вид на образец во структурата на мозокот, којашто му овозможува на секој човек нормалната способност да го научи својот мајчин јазик релативно лесно уште како дете.
Чомски овие структури ги нарекуа „уред за стекнување на јазик“ кои ги организираат граматиките и синтаксите независносо од искуството и надворешните стимулации .
Сличен аргумент, но многу поедноставен имаше Џон Лок, кој бил лекар, филозоф и политички теоретичар. Во неговиот филозофски тест „Есеј за човечкото разбирање“, Лок дискутира во длабочината на неговите теории на човечкото сознание и идентитет, предлагајќи не само дека на умот се „пишува“ како на „tabula rasa“, туку дека тоа е клучот за идентитетот на човекот, она што не` прави исти луѓе од момент до момент. Лок вели дека сите сме одговорни на она на кое се сеќаваме. Неговата теорија ни претставува неколку трнливи етички проблеми.
Другите видеа од серијата на анимирани видеа, ја објаснуваат теоријата на Карл Маркс за отуѓување на трудот под експлоатирачки капиталистички систем, а подолу Андерсон дискутира за улогата на културата како уникатна човечка особина којашто животните ја немаат. Секое видео накратко го објаснува прашањето „Што ме прави човек“.