X
 21.01.2020 Живот

Биби во мисија за чист воздух!

Биби сака да се смее, сака многу и да пее, а обожава да раскажува приказни и да се дружи со Боби. Но, понекогаш сака да биде и сериозна и да зборува за важни теми. Овој пат за децата и за родителите, „Светот на Биби“ подготви поучно видео со наслов „Чист воздух за здравје на сите нас“ во кое можеме повеќе да научиме за горливата тема што нѐ мачи сите, особено во зима, а тоа е загадувањето.

Што е загадување, што го предизвикува, како тоа влијае врз нашето здравје, се прашува Биби. Загадувањето е особено штетно за нас, децата. Предизвикува болести, главоболки, вртоглавици, кашлица, болест што се вика астма, вели Биби.


Што ни предлага нашата сезнајка? Повеќе да го користиме јавниот превоз, а не автомобилите. Да возиме велосипед кога е убаво времето. Да одиме почесто на планина, да ги исклучуваме електричните апарати, да садиме повеќе дрвца, да ја сакаме природата. Некои работи не зависат од нас, но секој може да придонесе за намалување на загадувањето!

Режисер на видеото е Никола Чикос, кој заедно со Димитар Аризанов и Јосип Здравковски се погрижи се анимациите. Илустрациите се на: Магдалена Тофиловска, Мартин Алексов и Горан Мрвиќ. Сценариото е на Билјана Црвенковска, а арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот