„Не го обвинувај огледалото дека ти е грдо лицето“ - Гогољ
Глетката на локалните паркови, игралишта или училишни дворови во последно време не зборува за висока еколошка свест и грижа за околината во која живееме. Човекот очигледно е најголемиот непријател на човештвото и секојдневно со својот начин на живот нанесува непоправливи штети на животната средина.
Матка
Во таа насока, Пакомак заедно со локалната самоуправа иницираше проект за поттикнување и развој на свеста за тоа што предизвикуваме со своето неодговорно и непромислено однесување.
На Фејсбук Фан страната на Пакомак сите граѓани може да испраќаат фотографии од својата општина кои укажуваат на загадувањето и негрижата за животната средина што ќе претставува аларм за превземање на итни мерки за чистење и ремедиција на таа површина.
Илинденска
„Фотографиите што секојдневно ги добиваме навистина укажуваат на тоа дека човекот е отиден предалеку во своето незнаење и директно ја загрозува животната средина во која самиот егзистира. Природата не може сама да се спаси, а од малите, микро средини започнува загадувањето што се шири и голта сè што ни е неопходно за живот. Затоа ги повикувам сите граѓани да испраќаат фотографии што ќе демонстрираат како изгледаат нивните општини, училишта, влезови, паркови, игралишта и со наш придонес ќе направиме позитивни чекори за заштита на околината, а можеби и ќе инспирираме други поединци и деловни субјекти да го направат истото“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.
Вардар
Радика
Гледајќи ја човечката невнимателност на фотографиите од амбиенти загрозени со толку многу отпад, станува дури и иронично колку околината знае да биде имагинативна. Фотографиите одново зборуваат за отпадот што се напластува исто како и човечката ароганција. Зборува за тажната вистина дека отсекогаш сме имале премалку за себе - но затоа премногу за фрлање.