„Катан“ (Catan), една од најпознатите игри во светот со преку 25 милиони продадени копии, сега ќе може да се игра и на македонски јазик по иницијативата на „Гоблин друштвени игри“. Овој светски бестселер, кој досега е преведен на повеќе од 30 јазици, од годинава официјално ќе се продава и на македонски.
„Катан“ е класика меѓу игрите и првпат беше издадена во 1995, а досега ја играат преку 100 милиони играчи низ целиот свет. Таа има добиено десетици награди и признанија, а се одржуваат и многубројни турнири, како и официјално Светско првеснтво на секои две години.
Ова е последна од низата светски бестселери официјално преведени на македонски јазик, меѓу кои се и „Ticket to Ride“, „Dixit“, „Azul“, „Kingdomino“, „Celestia“, „The Mind“,... Сите овие ги преведе и ги дистрибуира првата и единствена специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија – „Гоблин“.