X
 06.08.2024 Наука

Конечно би можела да се објасни чудната врска помеѓу друштвените игри и аутизмот

Анегдотските докази сугерираат дека луѓето со аутизам уживаат во друштвените игри повеќе од мнозинството, а сега две нови студии идентификуваат некои причини зошто тоа може да е така.

Тимот зад истражувањето, од Универзитетот во Плимут и Универзитетот „Еџ Хил“ во Велика Британија, спровеле пет одделни анализи за да испитаат колку се популарни игрите со табла кај луѓето со нарушување од спектарот на аутизам и какво искуство нудат.

Љубителите на друштвени игри се побројни меѓу оние со такви нарушувања, откриле тие. Во истражувањето на 1.603 играчи, 7 проценти биле аутисти, иако аутистите сочинуваат приближно 1 процент од целокупната популација. Во понатамошни интервјуа со луѓе со нарушувања од спектарот на аутизмот, истражувачите откриле дека овие игри помогнале да се ублажи социјалната анксиозност, која е почеста кај луѓето со аутизам отколку кај општата популација.

-Знаеме дека друштвените игри се безбедно и вредно хоби за многу луѓе со аутизам. Она што го утврди ова истражување е зошто е тоа така и ние навистина сакаме да ги искористиме наодите за да ја информираме идната работа - вели психологот Греј Атертон од Универзитетот во Плимут.

Истражувачите, исто така, набљудувале мали групи на аутисти додека играле игри на табла во текот на поединечни сесии или низ години игра, наоѓајќи придобивки во смисла на градење независност и доверба меѓу играчите, како и помагајќи да се формираат социјални односи - нешто што може да биде тешко за оние со нарушувања од спектарот на аутизмот.

- Секој човек со аутизам е уникатен и сакаме да се погрижиме сите интервенции да бидат приспособени по потреба, за оние кои би можеле да имаат корист - заклучил Атертон.

Извор: svijetkulture.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука