Бенедикт Велс е добро познато име во книжевните кругови во Европа. На 36 години тој има четири успешни романи, а со „Крајот на осаменоста“ ги освои не само читателите – романот е прогласен за бестселер во многу земји – туку и книжевната критика, добивајќи многу значајни книжевни признанија, меѓу кои и Европската награда за литература.
Воодушевувајќи со својата книжевна зрелост, во трогателниот и речиси беспрекорно напишан роман „Крајот на осаменоста“ Велс ткае тридецениска семејна историја низ мислите за моќта на спомените во човековиот живот, за сличностите и различностите, за пријателството, љубовта и сочувството. Оваа калеидоскопска семејна сага е истовремено и закрепнувачка љубовна приказна и ода за пријателството.
„Крајот на осаменоста“ е дел од едицијата „Магични приказни“, поддржана од проектот „Креативна Европа“, од Програмата за култура на Европската Унија.
(Комерцијална објава)