X
 21.06.2020 Образование

Научните и технолошките студиски програми во Австралија ќе станат поевтини, општествените науки ќе поскапат

Владата на Австралија планира да ги смени цените за студиските програми низ целата држава. Цените за студирање ќе се намалат за некои програми, а ќе се зголемат за други. Најмногу ќе бидат погодени програмите во општествените науки, кои ќе бидат покачени за 113%.

Според „Гардијан“, министерот за образование Ден Техан треба ја извести нацијата за оваа промена во секој момент. Според новите планови, програмите за комерција и право ќе бидат поскапи за 28%.

Целта е повеќе студенти да се насочат кон програми поврзани со побарани работни места. Затоа цените за студирање на програмите во областите на науката, технологијата и инженерството значително ќе се намалат за новите студенти. Програмите по агрокултура и математика ќе бидат поевтини за 62%, а програмите по наука, инженерство, информатичка технологија, медицина и екологија ќе чинат 20% помалку.


Фото: Pexels

Намалување од 46% ќе има кај програмите за предавање англиски јазик, како и оние за медицински сестри и клиничка психологија. Цените на програмите во областа на медицината и стоматологијата нема да бидат променети.

Според министерот за образование, 60% од новите студенти ќе плаќаат помалку за студиите или еднакво како претходните генерации. Се претпоставува дека работните места во одредени области ќе пораснат во следните 5 години. Тука се научните, технолошките, медицинските и образовните области, како и градежништвото.


Фото: Pexels

Промените во цените за студирањето треба да одговорат и на промените што се резултат од пандемијата.

Според „Гардијан“, 154.000 матуранти ќе се запишат на факултет во Австралија следната академска година. Во 2019 г. бројот изнесувал 133.000.

Автор: Тиган Џонс
Извор: gizmodo.com.au
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование