Патот кон успехот е долг и комплициран, но постојат некои чекори што може да ги „скокнете“ доколку ги прифатите какви што се веднаш наместо да го научите тоа на потешкиот начин. Психолозите и професионалците советуваат да не се троши енергија на следниве работи при напредувањето во кариерата.
Не трудете се премногу да ги освоите другите
Натали Леви, претприемач, вели дека многумина се фокусираат на желбата да бидат сакани од другите. Но, најуспешните не го трошат времето обидувајќи се да ги задоволат сите. Понекогаш, кога зборувате со сите, не зборувате со никого. Невозможно е сите да ве сакаат.
Фото: Pixabay
Не чувствувајте се лошо кога грешите
Грешките не може да се елиминираат, а според Рубина Јанигро, бизнис-водич, грешките им се потребни на луѓето за да учат и да растат. Наместо да трошите време и енергија мислејќи на грешката, размислете што може да направите понатаму.
Не чувствувајте се лошо зашто сакате да имате повеќе
Јанигро советува да им се посветувате на сопствените желби бидејќи никој не треба да ве принудува да правите нешто што не сакате.
Фото: Pixabay
Не трудете се да бидете скромни
Доколку верувате во нешто, можете и да го реализирате. На светот има доволно за сите и нема потреба да глумите дека сте скромни доколку не сте.
Не жалете се и не размислувајте негативно
Дали некогаш сте забележале дека расположението ви е уништено по зборувањето со одредени лица?
Успешните луѓе внимателно ги одбираат луѓето околу нив поради оваа причина. Успешните луѓе не се дружат со луѓе што се жалат, вели писателот Грег Гитенс.
Не бидете љубоморни или завидливи
Извршната директорка Реџина Хубер не дозволува да биде љубоморна на нешто што не го поседува. Успешните луѓе не трошат време на завист или натпревар. Тие се фокусираат на сопствената работа.
Фото: Pixabay
Не обидувајте се да бидете совршени
Стив Рак, извршен директор на „Виталибис“, советува да не трошите време надевајќи се дека она што го правите ќе биде совршено. Наместо тоа, фокусирајте се на напредувањето секој ден.
Не откажувајте се од подобрувањето
Успехот бара постојано адаптирање, иновација и менување. Луѓето што се успешни постојано сакаат да се подобрат себеси, како и оние околу нив.
Автор: Кејтлин Мекелнис
Извор:
theladders.com