X
 18.12.2019 Здравје

Најдобрите совети за откажување од цигарите

Не морате да се откажете од цигарите. Никој не ве тера, ниту пак присилува. Меѓутоа, прочитајте ги овие совети и одлучете сами.

Зошто сакате да престанете да пушите?

Сакате да престанете да пушите, но не знаете зошто? „Затоа што е лошо за здравјето“ - не е доволна причина. За да останете мотивирани, потребна ви е силна причина. Можеби сакате да го заштитите вашето семејство од пасивно пушење. Можеби помислата на рак на белите дробови за вас е застрашувачка. Или, пак, сакате да се чувствувате и да изгледате младо.
Изберете ја причината што е доволно силна за да ја спречи потребата од цигара.

Немојте да се плашите


Може да биде доста примамливо да ги фрлите цигарите в ѓубре и да кажете дека сте престанале да пушите. Сепак, 95% од луѓето што се обидуваат да престанат да пушат без терапија или лекови му се враќаат на пушењето. Причината е тоа што никотинот предизвикува зависност. Мозокот се навикнува на никотин и потоа го бара.

Обидете се со никотинска терапија

Кога ќе престанете да пушите, недостигот на никотин може да направи да се чувствувате фрустрирано, депресивно и вознемирено. Исто така, желбата за цигара може да биде неиздржлива. Никотинската терапија може да ги намали овие „симптоми“.

Побарајте лекови

За да си го олеснете повлекувањето на никотинот од организмот, прашајте го вашиот доктор дали може да ви препише лекови. Постојат лекови што ја намалуваат желбата за никотин, така што влијаат врз хемикалиите врз мозокот.

Најдете поддршка


Кажете им на вашите пријатели, на вашето семејство и колеги дека се обидувате да престанете да пушите. Нивната поддршка може да биде од голема помош и важност. Добро би било да изберете една личност која ќе биде со вас во најтешките моменти.

Контролирајте го стресот

Една од причините поради кои луѓето пушат е затоа што никотинот им помага да се опуштат. Кога ќе престанете да пушите, ќе мора да пронајдете нов начин како ќе се справите со стресот. Обидете се со масажи, музика, јога или медитирање.

Избегнувајте алкохол и други „предизвикувачи“


Одредени активности можат да ја зголемат желбата за пушење. Алкохолот е еден од најчестите предизвикувачи, па обидувајте се поретко да го консумирате.

Исчистете ја куќата

Откако ќе ја запалите вашата последна цигара, ослободете се од сите запалки и пепелници што ги имате во домот. Исперете ја вашата облека што го примила мирисот од цигарите, исчистете ги теписите и завесите.

Не престанувајте да се обидувате

Често се случува луѓето повторно да им се вратат на цигарите. Повеќето пушачи се обидуваат и по неколку пати пред да успеат. Испитајте ги околностите поради кои повторно сте почнале да пушите. Користете ги како можност да ја реафирмирате вашата посветеност за откажување.

Движете се

Физичката активност може да ви помогне во намалувањето на желбата за никотин и може да ви ги олесни симптомите. Кога ќе сакате да запалите цигара, излезете надвор и прошетајте се.

Јадете овошје и зеленчук


Немојте ни да помислите на диета кога се обидувате да се откажете од цигарите - премногу одвикнувања може да предизвикаат спротивен ефект. Јадете што повеќе овошје, зеленчук и млечни производи со ниски масти.

Изберете ја вашата награда


Покрај огромните здравствени предности, една од привилегиите за откажување од цигарите се и парите што ќе ги заштедите. Наградете се со тоа што ќе си купите нешто што долго сте го сакале.

Направете го тоа заради здравјето

Паричната награда не е единствената работа поради која треба да се откажете. Откажувањето има непосредни здравствени придобивки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје