X
 18.01.2019 Живот

Tајната на успехот на Ворен Бафет го изненади и Бил Гејтс

Кога бил прашан да опише што ги одделува успешните луѓе од другите, Ворен Бафет рекол:

- Разликата помеѓу успешните луѓе и навистина успешните е тоа што навистина успешните луѓе велат „не“ речиси на сѐ. Луѓето ќе го сакаат вашето време, а тоа е она што не можете да го купите. Во основа, можете да купите сѐ што сакате, но не можете да купите време.

Токму затоа календарот на Ворен не е исполнет со повици и средби. Секако, тој лесно може да го пополни овој распоред. Но, не го прави тоа.

- Се сеќавам дека Ворен еднаш ми го покажа неговиот календар. Имав сѐ испланирано и пополнето и мислев дека тоа е единствениот начин на кој можам да успеам. Но, факт е дека тој е доста внимателен во планирањето на своето време. Пополнетиот календар не е показател за вашата сериозност - изјави Гејтс, кој бил изненаден од пристапот на Ворен.

гејтс
Фото: Getty Images


Ефикасен наспроти ефективен


Ефикасните луѓе се организирани и компетентни. Тие ги штиклираат работите од нивната листа со задачи. Тие ги завршуваат проектите и работите.

Ефективните луѓе го прават сето тоа, но прво ги штиклираат вистинските работи од нивната листа со задачи. Тие ги завршуваат вистинските проекти и работи. Тие го извршуваат и го произведуваат она што ја прави најголемата разлика во нивниот бизнис и самите себе. И најважно, тие не дозволуваат другите луѓе да ја наметнат нивната волја на нивното време.

Тие сами ја наметнуваат сопствената волја на нивното време.

Ако се борите да го постигнете она што сакате да го постигнете, направете чекор назад. Утврдете што е навистина важно. Определете што навистина води кон резултати. Во повеќето случаи она што навистина носи резултати сте вие. Затоа, престанете да мислите дека вашето присуство е апсолутно неопходно на секој состанок и секој повик.

Ова е особено точно ако сте лидер - бидејќи кога не сте таму, вашите тимови природно чувствуваат поголемо чувство на слобода, автономија и најважно, одговорност. Ќе бидат покреативни. Ќе донесуваат подобри одлуки.

Во меѓувреме, ќе имате повеќе слободно време за размислување. Да добиете одлични идеи. Да донесете одлични одлуки. Да создадете некоја стратегија. Да планирате. Да донесете големи одлуки.

Не заборавајте: полниот календар не е гаранција за успех.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот