X
 21.03.2020 Живот

Земји што преземаат најмногу мерки за заштита на природата

Пластиката ги загадува нашите океани. Јаглеродниот диоксид ја затоплува нашата планета. Загадувањето на воздухот ни го нарушува здравјето. За овие работи да станат минато, треба да го намалиме испуштањето на штетни гасови во атмосферата, да ја намалиме употребата на пластика, да намалиме со сечењето на дрвјата и многу повеќе. Многу земји не преземаат мерки во оваа насока, но има некои што покажуваат посветеност кога станува збор за зачувувањето на околината.

Шведска

Во Шведска само 1% од цврстиот отпад завршува на депониите, додека 99% се рециклираат и се претвораат во биогас. Шведска е една од земјите во Европа што испуштаат најмалку штетни гасови.


Фото: Копенхаген, Данска/Pixabay

Данска

Пред 50 години на секој велосипед имало три и пол автомобили во Копенхаген. Во 2016 имало повеќе велосипеди отколку автомобили во истиот град. Целта на властите е половина од вкупниот транспорт во градот да биде со велосипед до 2025.

Гамбија

Оваа мала западноафриканска земја испушта помалку штетни гасови годишно отколку што ослободува Лос Анџелес за неколку месеци. Сепак, на Гамбија ѝ се закануваат суши и пораст на нивото на морето. Во својата борба против климатските промени земјата гради соларен парк кој треба да го зголеми производството на електрична енергија за 20%.

Норвешка

Во Осло се поттикнува употребата на електрични возила. Во 2017 г. половина од новите автомобили што биле продадени во земјата били електрични и хибридни.

Руанда

Државата го забранува користењето на пластични кеси за една употреба и пластични материјали за пакување производи. Руанда планира да пошуми многу области со цел до 2020 да има шуми на 30% од својата територија.


Фото: Костарика/Pixabay

Костарика

Оваа мала држава го води патот на транзиција во чиста енергија. Последните четири години над 95 проценти од електричната енергија што била произведена во земјата биле од обновлива енергија.

Сингапур

Во 2008 година градот-држава наредил сите нови згради да бидат еколошки. Од 2018 се воведуваат и нови правила за фрлање храна, пластика и електронски отпад и се посветува внимание на обновливоста. Целта е државата да не произведува отпад.

Нов Зеланд

Во оваа земја ниту еден процент од населението не е изложен на небезбедно ниво на штетни честички во воздухот. Воздухот во Нов Зеланд е еден од најчистите во светот. Голема улога во ова игра производството на електрична енергија од обновливи извори.

Финска

Според Светската здравствена организација, Финска има добар квалитет на воздухот. Голем дел од жителите на Хелсинки користат јавен превоз, а малкумина користат автомобил.


Фото: Естонија/Pixabay

Естонија

Земјата е една од првите во Европската Унија што ја постигнаа целта за користење обновливи извори на енергија до 2020 година. Во земјата патувањето е со автобуси и трамваи. Талин стана првиот европски град што го направи бесплатен јавниот превоз.

Швајцарија

Според извештаите, Швајцарија води кога станува збор за одржливоста. Оваа земја има одлични системи за санитација на вода и извори на вода, но и одличен квалитет на воздухот. За земјата, обновливата енергија е приоритет, а има и данок за јаглероден диоксид со кој се намалува загадувањето на воздухот.

Автор: Џеф Богл
Извор: rd.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот