X
 13.02.2019 Образование

Најдобрите земји за образование за 2019 година

За само неколку децении земјите во светот ќе бидат управувани од денешната младина. Нивните мисли и постапки ќе бидат обликувани од она што го знаат и што го искусиле, што на многу начини го прави образованието еден од најдобрите предвидувачи за идниот успех на нацијата.

Рангирањето за најдобри земји за 2019 година, во партнерство на „БАВ Груп“ и училиштето „Вартон“ при Универзитетот во Пенсилванија, е базирано на истражување што анкетирало повеќе од 20.000 граѓани од четири региони за да оцени перцепции на 80 земји. Во анкетата беше вклучено и рангирањето на најдобрите земји кога станува збор за образованието.

Најдобрите земји за образование за 2019 година се рангираат врз основа на глобално истражување базирано на перцепција, што користело компилација на резултатите од три еднакви атрибути на земјата: добро развиен државен образовен систем, поголем број студенти би сакале да посетуваат факултет во оваа земја и земја што обезбедува високо квалитетно образование.

Ова се најдобрите пет.

1

5. Франција

Образованието во Франција се базира на национална наставна програма задолжителна на возраст од 6 до 16 години, иако повеќето ученици посетуваат и форма на предучилишна установа, а многумина продолжуваат и на факултет. Секоја година средношколците добиваат таканаречен „baccalauréat“, академска квалификација потреба за студирање на универзитет.

4. Германија

Концептот на градинка или предучилишна транзиција пред задолжителното образование бил воведен во Германија. Терминот бил измислен од Ридрих Фробел во 1840 година. По завршувањето на основното образование, кое е до четврто одделение, германските ученици се одлучуваат за една од трите можности во средно училиште врз основа на успехот: гимназија за оние што сакаат да продолжат на колеџ, „Realschule“ или средно училиште или стручно образование за оние што сакаат да се занимаваат со занаетчиство. Германските ученици се меѓу најмладите во светот што толку рано се одлучуваат за одредена академска патека.

Резултатите од Програмата за меѓународна процена на учениците се над просекот и постојано се подобруваат, според Организацијата за економска соработка и развој.

3. Канада


Основното и средното образование во Канада се бесплатни и задолжителни за деца, кои почнуваат на возраст од 5 или 6 години. Уставот го делегира овластувањето за образование на секоја покраина, но недостигот на централизирана образовна структура не се покажа како негативен. Канадските студенти постигнуваат над просекот на ОЕЦД програмата за меѓународна процена на учениците. Квебек бара од учениците да завршат две години стручно училиште пред да се запишат на универзитет.

2. САД


Јавниот образовен систем во САД е финансиран главно преку федерални и државни даноци на имот. Учениците поминуваат низ 13 одделенија, од градинка до средно, а 70 отсто од дипломираните средношколци продолжуваат на факултет, покажува Националниот центар за статистички податоци за образование. Во САД се наоѓаат осум од 10. најдобри универзитети на глобално ниво.

1. Велика Британија


Учениците во Велика Британија тргнуваат на училиште од 5 години и учат до 16. Тие поминуваат низ четири клучни фази од националната наставна програма. Нееднаквоста помеѓу средните училишта дизајнирани за трговски професионалци и гимназиите доведе до создавање на повеќе униформни сеопфатни училишта, иако администрацијата на програмите се разликува во секоја област. Учениците имаат просечни поени во математика, природни науки и читање според меѓународната процена на учениците на ОЕЦД. Велика Британија е дом на првите два најдобри универзитети на глобално ниво.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование