Прегорувањето или познато на англиски како burnout може да се дефинира како целосно емотивно, физичко и ментално исцрпување како последица на константен стрес. До ова најчесто доаѓа поради пренапорна работа или притисок од премногу обврски. Постојат повеќе видови прегорување во зависност од причината.
Преголема амбициозност
Овој вид прегорување се случува кога личноста брза кон посакуваната цел без да ужива во процесот. Лицето бара успех по секоја цена и чувствува вина кога не работи, а притоа може да има и нереални очекувања од себе и од другите.
Фото: Pixabay
Премногу обврски
Премногу се фокусирате на работата, а притоа често се осудувате себеси. Мислите дека ќе успеете доколку повеќе се форсирате и претерано сте дисциплинирани.
Барање совршеност
Мислите дека сè што е помалку од совршено претставува неуспех. Грешките не се дозволени, а некогаш одложувате обврски бидејќи мислите дека можете да ги направите подобро. Вашиот став е заснован на принципот „сè или ништо“.
Потреба за контрола
Немате доверба во другите и се плашите од непознатото, па затоа целата работа ја преземате на себе. Уверени сте дека никој друг не може добро да одработи нешто и лошо прифаќате неизвесни ситуации.
Фото: Pixabay
Натпреварувачки дух
Ќе сторите сè што е неопходно за да победите и да успеете. Притоа се споредувате со другите и се исцрпувате за да ги постигнете целите.
Задоволување на другите
Верувате дека со позитивен одговор ќе го одбегнете разочарувањето кај другите. Тешко поставувате граници и не можете да кажете „не“, па затоа сте подложни на туѓи барања.
Премногу размислувате
Сметате дека со претерано размислување ќе најдете решение на проблемите. Повеќе го трошите времето за размислување отколку за дејствување, па тоа доведува и до проблеми со спиењето.
Како да спречите прегорување?
Започнете со ново дефинирање на поимот за успех. Размислете за навиките, шемите и активностите што ви прават стрес. Дајте им приоритет на оние работи што ви значат и прават да се чувствувате исполнети, а не трошете енергија на активности што ве исцрпуваат и не ви одговараат.
Поставете граници со другите луѓе и почнете да се фокусирате на себе. Најдете начин да се мотивирате и инспирирате и одвојте време за луѓе и активности што ви помагаат да ги наполните батериите.
Извор:
DDL