Што би направиле доколку добиете на лотарија? Многумина велат дека првото нешто што би го направиле е да се откажат од работата и да се пензионираат.
Но, Канаѓанецот Пјер Ричер, кој неодамна освои 50 милиони долари, не сака да се пензионира затоа што смета дека тоа не е во ред. Плашејќи се од товарот што неговото ненадејно пензионирање би им го предизвикало на неговиот работодавец и колегите, тој одлучил да продолжи да ја работи својата работа. Така, продолжил да оди на работа во 4:30 часот наутро.
Ричер, кој има 60 години, работи како возач и шеф на бродски превоз во угостителска компанија. И покрај тоа што работата му почнува многу рано, тој сака да продолжи да работи за да не ги комплицира работите за сите.
- Не можам да ги оставам сами. Без мене, одделот за испорака не би бил остварлив - вели Ричер.
Животот на овој човек се променил кога тој и неговото семејство се подготвувале за вечера за Денот на благодарноста. Неговата ќерка купила пита, а тој купил лото-ливче.
Наредниот ден неговата ќерка ја отворила апликацијата за лотото за да го провери ливчето. Откако ги видела резултатите, почнала да вреска.
- Влегов во собата и моето семејство ми кажа за добивката. Реков: „Во ред“ и излегов - раскажува тој.
Но, тоа не значи дека не размислувал што ќе прави со парите. Сега тој може да го исполни својот долгогодишен сон - да има куќа на периферијата на Монтреал, да оди со семејството на одмор и да си купи автомобил.
Што се однесува до работата, Ричер вели дека ќе издвои време за себе, но не планира наскоро да се пензионира.
- Се чувствувам исто. Ништо не е сменето - вели тој.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: https://portail.lotoquebec.com/