X
 20.05.2020 Технологија

Создадена нова вештачка интелигенција која генерира зборови што не постојат

Веб-страницата „ThisWordDoesNotExist.com“ генерира нови зброви како „вакамол“ (wakamole- една порција на вафли направени со слатка мешавина од пченка), „пајлсет“ (pileset - да направиш маса од или да создадеш облик од нешто) или „прејмен“ (prayman - главните/водечките мажи во општеството или компанијата).

Корисниците кликнуваат на копчето на веб-страницата и се создава нов збор.

Веб-страницата била развиена од страна на Томас Димсон, инженер кој порано работел за „Инстаграм“, развивајќи ги алгоритмите за препораки.

Вештачката интелигенција што создава нови зборови се заснова на алгоритмот за обработка наречен „Tрансформерс“ и јазичната рамка ГПТ-2 - алгоритам што може да се храни со парче текст и да ги користи информациите за да предвиди зборови што следно доаѓаат и создава пишување што воопшто не се разликува од она што го напишал човекот.

1
Фото: Pixabay

ГТП-2 се здоби со озлогласеност затоа што „е премногу опасен за да се ослободи“, но истражувачите оттогаш го ставија на располагање за употреба.

Веб-страницата работи преку разгледување на база на податоци од осум милиони други веб-страници, преземени од содржината со најмногу гласови на социјалната мрежа „Редит“. Алгоритмите се способни да детектираат кога еден збор ќе се појави до друг збор, а со користење на тие информации значи дека може да генерира нови зборови и реченици.

Како и секоја друга вештачка интелигенција, системот не е совршен. На дното на страницата вели дека зборовите не се прегледани и може да рефлектираат пристрасност.

Системите за вештачка интелигенција честопати биле критикувани кога се нерегулирани или се користени за војување, но носат и многу придобивки.

Платформите управувани со податоци се промовираат на начини за да помогнат во уништувањето на нелегалните трговии со диви животни или да ги претворат мислите во текст директно од вашиот мозок.

Извор: Independent.co.uk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија