X
 02.08.2019 Наука

Американската војска тајно гради „вештачки мозок“

Од 2010 година американските разузнавачки служби развиваат таен „вештачки мозок“ - воен вештачко-интелигентен систем кој го именуваа „Сентиент“.

Во новообјавените тајни и доверливи документи се опишува програмата на Националната канцеларија за извидување (НРО) како целосно интегриран разузнавачки систем кој може да ги координира позициите на сателитите и наскоро може и да се користи за менаџирање на операциите на бојните полиња.

Сега има многу малку детали за програмата, а владините претставници не одговараат опширно на прашањата за тоа што може да направи вештачката интелигенција и како ќе се користи во идните конфликти.

-НРО и разузнавачката заедница имаат пракса да не откриваат чувствителни извори и методи бидејќи откривањето е голем ризик поради тоа што непријателските земји може да се спротивстават. Таквата загуба ѝ штети на нашата нација и сојузниците. Поради тие причини деталите за „Сентиент“ остануваат доверливи и она што можеме да го кажеме е ограничено - Карен Фергусон од НРО.

Сето ова значи дека програмата може да се развива без луѓето да знаат и алгоритмите може во блиска иднина да управуваат со воените конфликти.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука