Отровот од мравките, пчелите или од осите може да предизвика повраќање, отоци и други проблеми при убод.
Кога станува збор за болката што може да ја предизвикаат овие убоди, некои видови инсекти може да предизвикаат невидена болка што се споредува со стапнување на клинец. Болката што ја предизвикува убодот од таканаречената куршум-мравка може да трае 12 часа и да предизвика треска, повраќање, па дури и забрзано чукање на срцето.
Се смета дека убодот од оваа мравка може да предизвика најголема болка во споредба со другите инсекти. Научниците претпоставуваат дека мравката еволуирала да предизвикува толкава болка за да се брани од непријателите во прашумите во кои живее, покажува видео на „ТЕД-ед“.
Извор:
TED-Ed
Фото: Pixabay