X
 11.05.2023 Наука

Научници откриле вид инсект што користи алат за да убива

Во неодамна објавено истражување научници го опишуваат начинот на кој вид инсект користи алат за да убива.

Таканаречената „бубачка атентатор“ внимателно се премачкува со леплива смола за поефикасно да го фати пленот. Според студијата, бубачката користи специфична смола од родната австралиска трева наречена спинифекс.

- Употребата на алатки кај животните е комплексен и редок феномен, особено кај инсектите. Употребата на алат од страна на „бубачката атентатор“ се препознава бидејќи повеќе видови нанесуваат лепливи растителни смоли на своето тело, за што се претпоставува дека го подобрува фаќањето на пленот - пишува во истражувањето.

Научниците ги донеле заклучоците врз основа на експерименти со 26 бубачки. Според нив, користењето на смолата за фаќање плен може да се смета за користење алатка од страна на бубачките, особено затоа што сите бубачки ја користеле смолата за истата цел.

Истражувачите забележале и дека новородените бубачки ја користат смолата за истата цел, што значи дека нејзината употреба не е научено однесување, туку вродена вештина.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука