Вродената нечувствителност на болка е здравствена состојба во која пациентот има нарушени нерви. Ретката состојба прави пациентите да не чувствуваат болка. Ова можеби звучи како благослов, но да се живее несвесен за сета нанесена штета врз телото не е здраво. Последиците од состојбата се посериозни отколку што мислите.
Болката ни ја дава мотивацијата да се заштитиме од потенцијално опасни ситуации и нè охрабрува да ги одбегнуваме сличните проблеми во иднина. Со помош на болката ги заштитуваме и повредените делови од телото додека заздравуваат. Од друга страна, децата со вродена нечуствителност на болка честопати се повредувале ненамерно гризајќи ги јазикот, образите или рацете, создавајќи инфекции и лузни.
Како што расте детето, се појавуваат бројни ортопедски компликации. Овие лица честопати не чувствуваат и мирис.
Значи, чувството за болка е поважно за животот отколку што мислиме. Зошто овие луѓе не чувствуваат болка?
Се работи за
мутација на генот СЦН9А со која се произведуваат нефункционални натриумски канали преку кои стимулацијата на нервите никогаш не стигнува до мозокот.