X
 21.04.2022 Култура

Серија на „Нетфликс“ стана хит за два дена

Британската серија „Анатомија на еден скандал“ се појави на „Нетфликс“ на 15 април и веќе е хит меѓу гледачите.

Според податоците на аналитичката компанија „Фликспатрол“ објавени на 17 април, напнатата драма го зазеде првото место во трендот на сериите објавени на „Нетфликс“ низ светот. По популарност, ги надмина „Бриџертон“ и „Елита“.

На IMDb досега ја оценија речиси 3.000 корисници, а оцената моментално е 7,1.

- Глумата е беспрекорна. Главните актерки се неверојатни. Приказната има интересен пресврт - пишува еден интернет-корисник.

- Покажува како секој може различно да гледа на иста ситуација. Одличен заплет, добро одглумено, сите ликови се внимателно координирани - пишува друг.

- Извонредна изведба на Сиена Милер, Руперт Френд, Мишел Докери. Вреди да се погледне.

Серијата е базирана на истоимениот роман преведен на 21 јазик, а напишан од Сара Вон, британска новинарка и писателка. Станува збор за судска драма, напната приказна за обидите да се избегне законот и прикажување на вистината и емоционалните односи кои не се толку силни и цврсти како што се верувало.

Привилегираниот живот на Софи (Сиена Милер) почнува да излегува од контрола откако на површина излегува аферата на нејзиниот сопруг Џејмс (Руперт Френд), но најлошото допрва доаѓа. Колешка го обвинува Џејмс за силување и судењето започнува. Софи е убедена дека нејзиниот сопруг е невин.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура