X
 05.11.2021 Култура

Излезе трејлерот за последниот дел од серијата „Куќа од хартија“

Обожавателите нетрпеливо го чекаа вториот дел од петтата сезона на серијата „Куќа од хартија“ со оглед на тоа што во последната епизода од првиот дел еден од главните ликови е убиен во грабежот.

- На најголемиот грабеж на светот му доаѓа крајот - беше објавено на официјалниот профил на најпопуларната серија на „Нетфликс“ на сите времиња.

Трејлерот почнува со впечатлива сцена во која Професорот се појавува пред банката каде што се наоѓа неговиот тим. Ветувања, солзи, емотивни реченици и експлозии наизменично се менуваат во текот на една и пол минута, колку што трае трејлерот.

„Единствено што можам да кажам е дека ќе плачам како да не постои утре“, „Има повеќе прашања отколку одговори“, „Главата ќе ми експлодира“, „Ќе биде епски и тажен крај што ќе биде запишан во историјата“, „Оваа приказна завршува, но отпорот продолжува“, „Ова е толку тажно“, „Не можам да престанам да плачам“, се само некои од коментарите.



Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура