Најавен е првиот натпревар за убавина со вештачка интелигенција (ВИ) во светот.
Блескавиот свет на манекенството и модата ја прифати ВИ технологијата, а моделите генерирани со вештачка интелигенција ќе заземат централно место на изборот за убавина наречен „Мис ВИ“.
Натпреварот е објавен од „Светски награди за создавачи на вештачка интелигенција“ (World AI Creator Awards - WAICA) во партнерство со „Фанвју“. Според нивниот опис, се работи за глобална програма на награди, посветена на препознавање на достигнувањата на креаторите на вештачка интелигенција низ светот. „Фенвју“ е платформа за претплата која овозможува содржина со вештачка интелигенција и комбинира пораки со вештачка интелигенција, гласовни белешки и аналитика, со намера да ја зголеми заработката на креаторите.
Натпревар за убавина со модели генерирани од ВИ
Натпреварот ќе биде отворен за сите креатори што стојат зад модел генериран со вештачка интелигенција и се присутни на социјалните мрежи. Натпреварувачите мора да имаат најмалку 18 години за да учествуваат и да бидат земени предвид за натпреварот. Учесниците ќе бидат оценувани според фактори како што се интеракцијата со навивачите и проширувањето на публиката на платформи како што е „Инстаграм“.
Заедно со конвенционалните стандарди, како убавина и технологија, ќе се оценува и нивната употреба на алатки за вештачка интелигенција - за изработка на дигитални уметнички дела. Тоа не е сè - од важност ќе биде и нивната креативност и внимание на деталите, но и нивната сталоженост и уникатни одговори. Другите аспекти се повеќе поврзани со технологијата, како што е заработката на поени за имплементација на алатките за вештачка интелигенција. Според податоците на веб-страницата, натпреварот има цел да ги прослави креаторите кои се во првите редови на вештачката интелигенција.
Некои од прашањата за време на процесот на влез се:
-Како моментално ја монетизирате содржината на вашиот модел?
-Колкав е вашиот вкупен месечен приход низ платформите?
-Можете ли да ни кажете нешто повеќе за вашиот модел со вештачка интелигенција, да објасните како сте го создале и зошто?
-Кога вашиот модел со вештачка интелигенција би можел да зборува, кој би бил неговиот сон за да го направи светот подобро место?
-Која технологија ја користевте за да го креирате вашиот модел со вештачка интелигенција?
Победничката на натпреварот за убавина ќе добие парична награда од 5.000 долари и зголемена видливост на платформата „Фенвју“. Исто така, на креаторот ќе му биде овозможен пристап до програма за менторство во вредност од 3.000 американски долари и поддршка за односи со јавноста од повеќе од 5.000 американски долари вредност.
Овој натпревар може да каже нешто повеќе и за тоа како ВИ може да влијае врз моданта индустрија.
Извор: Interesting engineering
Фото: Freepik